Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објави дека почетокот на биометриската евиденција за влез во Шенген зоната (ЕЕС систем), наместо во април, се одложува за септември оваа година.

Ова е договорено на состанокот на високата владина делегација, во која покрај Николоски беа и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков, со претставници на Европската Комисија.

„Претставниците на ЕК ја потврдија новата визна стратегија во која превозниците се прифатени како професионалци. Се разгледува можноста оваа категорија работници да биде третирана исто како и пилотите и машиновозачите“, истакна Николоски.

Веќе следната недела ќе се формира експертска работна група која треба да ги материјализира овие заклучоци, со цел непречено функционирање на меѓународниот транспорт.

Exit mobile version