Close Menu
Press24
    Најново

    Пронајдени две угинати ретки птици во кавадаречко – дадени на обдукција

    22.02.2026 во 11:44

    БРТ системот почнува на терен во 2027, претходно пристигнуваат 100 нови автобуси

    22.02.2026 во 11:38

    Запален џип во Струмица, наводно му припаѓал на поранешен инспектор во МВР

    22.02.2026 во 11:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Пронајдени две угинати ретки птици во кавадаречко – дадени на обдукција
    • БРТ системот почнува на терен во 2027, претходно пристигнуваат 100 нови автобуси
    • Запален џип во Струмица, наводно му припаѓал на поранешен инспектор во МВР
    • Убава приказна од Зоолошката градина во Скопје: Гибончето што беше отфрлено од мајка му доби плишана играчка орангутан (ФОТО)
    • 16-годишник без возачка удрил во ормар на ЕВН и се обидел да прегази полицајци во Тетово
    • ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДСМ и ДУИ разрешуваше судии за еден ден, случајот со Катевеновски е доказ за заробеното судство
    • СДСМ со повик до власта: Поддржете го законот за минимална плата од 600 евра, пари во Буџетот има
    • Прочка: Празник на македонската душа и духовното прочистување
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пронајдени две угинати ретки птици во кавадаречко – дадени на обдукција

    Пронајдени две угинати ретки птици во кавадаречко – дадени на обдукција

    22.02.2026 во 11:44
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Две угинати птици од видот мршојадец, кои се класифицирани како редок и строго заштитен вид во Македонија, биле пронајдени вчера претпладне во кавадаречкиот регион.

    Според официјалните информации од Секторот за внатрешни работи – Велес, случајот бил пријавен вчера во 11:25 часот во ОВР – Кавадарци од страна на претставник на Македонското еколошко друштво (МЕД). Птиците биле лоцирани во атарот на кавадаречкото село Гарниково.

    Веднаш по пријавата, на терен излегла увидна екипа од ОВР – Кавадарци. Со цел расчистување на случајот и утврдување на точните причини за угинувањето, спроведена е координирана акција во која се вклучиле и државен инспектор за животна средина, претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и претставници од МЕД.

    Угинатите птици се безбедно подигнати од локацијата и се транспортирани на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје, каде што ќе им биде извршена детална обдукција.

    Популарно

    „Скопје се гради и ноќе за да се избегне колапс“: Ѓорѓиевски и Мицкоски на увид кај Рампа

    21.02.2026 во 23:01

    Меџити: Мастер планот за Чаир се преточува во реалност преку нови булевари и општински базен

    21.02.2026 во 16:01

    Мицкоски: Доколку фирмата што ги ангажирала за работа во странство платила данок, граѓаните нема да треба да го сторат тоа

    21.02.2026 во 15:50

    Семејна драма во живо: Вучиќ инсистираше на детали, жена низ солзи му призна на детето дека му е тетка

    21.02.2026 во 12:10

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.