Пронајдени дрога и оружје - Македонската полиција уапси две лица
Во текот на вчерашниот ден во 17.15 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ги лишиле од слобода К.Е.(31) и М.Е.(25).
При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Бајкал“ калибар 12 GA, куршуми со различен калибар, марихуана и грендер со остатоци од марихуана, велат од МВР.
Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
05.03.2025 - 11:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа