Close Menu
    Најново

    71-годишна жена нападната од својот син

    17.11.2025 во 20:04

    Германска полиција застрела 12-годишно девојче со српско државјанство

    17.11.2025 во 19:39

    Два авиони кружат над скопското небо – не можат да слетаат

    17.11.2025 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • 71-годишна жена нападната од својот син
    • Германска полиција застрела 12-годишно девојче со српско државјанство
    • Два авиони кружат над скопското небо – не можат да слетаат
    • СДСМ исклучи советник од членство – гласал за претседател на Совет
    • Генерал предупредува: Се подготвува вооружен напад против Полска
    • Стојаноски: Европската комисија предвидува раст на БДП во следните две години
    • Хаос во Германија: Полицијата добила над 1.000 повици со најави за напади во училишта
    • Кузманоска: Домашните капитални инвестиции во 2026 година ќе бидат мотор за економскиот раст на земјата
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Промовиран електронски систем за евиденција и управување со барањата за Листата на лекови

    Промовиран електронски систем за евиденција и управување со барањата за Листата на лекови

    24.09.2025 во 12:22
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Нов информациски електронски модул „Систем за евиденција и управување со барањата за Листата на лекови”, е промовиран денеска во Министерството за здравство. Со модулот, како што рече министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција, за прв пат се отпочнува со дигитализација на постапката за ставање на нов лек на позитивна листа.

    Тој посочи дека модулот е изработен од Управата за електронско здравство, во соработка со Секторот за фармација во Министерството за здравство, ќе биде јавно достапен на интернет страницата на Министерството (www.lekovi.zdravstvo.gov.mk) и во функција ќе биде веднаш откако ќе стапат во сила измените на прописот со кој се уредува оваа постапка, а кој се очекува деновиве да се објави во Службен весник.

    -Модулот овозможува електронско поднесување на барањата и внесување на неопходната документација за лекот во системот, кои што досега се доставуваа исклучиво во хартиена форма. Со ова се постигнува значителен напредок во дигитализација на одделните процеси на стандардната оперативна процедура на уредената постапка, истакна Алиу.

    Потенцира дека станува збор за прва електронска евиденција и управување со барањата за Листата на лекови во националниот систем, со што се овозможува и транспарентност на процесот преку достапен јавен портал и следење на одделните процеси и на напредокот на постапката во реално време.

    Алиу укажа на придобивките на новиот е-модул, а тие се: подобрено управување со барањата за Листата на лекови и ефикасност на постапката, намалување на административниот товар за фармацевтските компании кои се јавуваат како апликанти во постапката, транспарентност на постапката и размена на информации, прецизна евиденција и управување со поднесоците и лесен пристап до податоци и унапредување на пристапот за лековите на позитивна листа. 

    Весна Настеска од Секторот за фармација при Министерството за здравство рече дека процесите во е-модулот се базираат на правилникот за начинот и методологијата со кој се утврдува ставањето лек на Листата на лекови кој паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување.

    – Овој модул претставува и важен исчекор кон осовременување на националниот информациски систем во областа на лековите кој се создава и одржува како централна база со податоци. Модулот носи и конкретни придобивки затоа што поднесоците се евидентираат, се следат и се управуваат во самиот систем, во системот има поврзување на институциите кои учествуваат во постапката, како и стручните лица од составот на комисијата за позитивната листа, а во транспарентноста на процесот има јавен портал каде може да се следат сите податоци и информации за постапката за ставање лек на позитивната листа, додаде Настеска.

    Популарно

    „Бентли“ ти дава крилја: Дозволено 50км/ч – летал со 143 км/ч

    17.11.2025 во 11:57

    Тошковски: Успешно ме оперираа – да се опоравам и се враќам на работа

    17.11.2025 во 15:26

    (ВИДЕО) Потоп во Италија: Луѓе чекаат евакуирање на покривите, се урна и трикатна зграда

    17.11.2025 во 14:24

    Два авиони кружат над скопското небо – не можат да слетаат

    17.11.2025 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.