Уште неколку денови ќе владее променливо облачно и потопло време, а потоа дневната температура ќе опадне за неколку степени. Слаб до умерен ветер од северен правец ќе дува во следните денови.
Во среда има услови за слаби локални врнежи од дожд, а од попладневните часови и во четврток ќе дува засилен, а долж Повардарието и во источните делови повремено силен ветер кој наместа ќе надминува 50 km/h. Во петак ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.
Денеска времето е променливо облачно со сончеви периоди, а во југоисточните и источните делови има повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи. Умерен до засилен, наместа повремено и силен ветер од северен правец (над 70 km/h) ќе дува. Максималната температура денеска е во интервал од 11 до 18 степени.
Времето во Скопје е променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец.

