Close Menu
Press24
    Најново

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

    28.10.2026 во 18:39

    Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември

    28.10.2026 во 18:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?
    • Пронајден и казнет возачот кој возеше автомобил по велосипедска патека во Бутел
    • Цената на нафтата „Брент“ падна под 115 долари за барел
    • Шпанија: Поранешната министерка Фатима Бањес меѓу загинатите во железничката несреќа кај Толедо
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Мицкоски: Исполнети се условите за намалување на акцизата за горива

    Мицкоски: Исполнети се условите за намалување на акцизата за горива

    04.04.2026 во 12:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Општина Илинден објави дека условите се исполнети да ги намали акцизите за дизелот за 4 денари, а на бензините за два денара по литар. За утре во 11 часот е закажана седница на Владата за донесување на мерки за заштита од поскапувањето на горивата.

    „Берзата за нафтата се затвори во четвртокот и нашите калкулации покажуваат дека дизелот требаше да поскапи некаде околу 7 денари, а бензините 1,5 до два денара. Со промената на акцизите претпоставувам дека цената на дизелот во понеделник ќе се коригира за околу 3 денари“, истакна Мицкоски.

    „Имајќи предвид дека полека но сигурно истекува попустот што го дава Окта од 3 денари за дизелот ќе ги обновиме разговорите со нив да видиме дали ќе го продолжат попустот и понатаму“, изјави тој.

    „Доколку го пропдолжат понатаму ќе нема зголемување за дизелот од максималната цена што ја утврдува Регуалаторната комисија за енергетика. За бензините значи дека ќе поевтинат околу половина денар и доколку Окта го продолжи попустот од два денара за литар тоа значи дека ќе имаме повторно намалување за 2,5 денари на цената на бензините“, додаде Мицкоски.

    „Намалената акцииза ќе влијае со десетици милиони евра на Буџетот, но во Буџетот има доволно средства заради домаќинското работење“, истакна тој.

    „За уште две недели ќе продолжи и мерката за намалено ДДВ за горивата од 10 проценти. За понатаму ќе се следи состојбата и ќе се реагира навреме“, заклучи Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите

    28.10.2026 во 18:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.