Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » По вчерашните реакции за Протоколите: Промена во позицијата на Македонија ви евроинтегративниот процес нема

    По вчерашните реакции за Протоколите: Промена во позицијата на Македонија ви евроинтегративниот процес нема

    25.07.2026 во 10:223 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Серија реакции и спинови кај дел од опозицијата, но и во бугарските медиуми предизвика вчерашната изјава на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во врска со статусот на протоколите со Бугарија во евроинтегративниот процес. Оние кои се обидоа ова да го прикажат како промена на македонската дипломатска позиција веднаш добија демант директно од шефот на дипломатијата.

    Муцунски во изјава за „Плусинфо“ појаснува дека постои клучна правна разлика меѓу ставот на актуелната Влада и обидите за манипулација.

    „Протоколите не се правен дел од Преговарачката рамка. Но, целосно сме свесни за политичките обиди билатералните прашања да се користат за влијание врз пристапниот процес во ЕУ. Суштината на проблемот е што Бугарија има поинакво толкување и ги третира т.н. протоколи како составен дел од Преговарачката рамка, додека нашиот став е дека станува збор за одвоени документи. Токму оваа разлика во толкувањето ја потврдува потребата од јасност, предвидливост и гаранции дека процесот на пристапување ќе се води врз основа на европските критериуми, а не на билатерални интерпретации“, рекол Муцунски.

    Претходно Османи, коментирајќи на Фејсбук, објави дел од прес-конференцијата на Муцунски и напиша:

    „Еве четири години велам дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка. 

    Четири години трпам критики, напади и навреди. Четири години цртам на табли, објаснувам, повторувам.  Еден чекор поминат – Протоколот не е дел од рамката. Продолжуваме понатаму… “

    По реакцијата која дојде од поранешниот шеф на дипломатијата, Бујар Османи, Муцунски алармира дека токму претходните функционери прифаќале штетни тези, додека сегашната дипломатија се бори за правната вистина.

    „Разликата е суштинска. Ние не тврдиме дека билатералните прашања не се користат за влијание врз пристапниот процес. Напротив, токму затоа бараме јасни, правно издржани и недвосмислени гаранции. Но, не смееме да прифатиме теза дека т.н. протоколи се правен дел од Преговарачката рамка, бидејќи тоа едноставно не е така. За жал, токму Бујар Османи беше оној којшто зад затворени врати, во разговорите со тогашната бугарска влада, ја застапуваше тезата дека протоколите се правно обврзувачки документи. Денес, кога ние ја браниме правната вистина и бараме јасни гаранции дека билатералните толкувања нема да станат европски критериуми, обидот тоа да се претстави како промена на позицијата е целосно неоснован.“, вели Муцунски.

    Во моментот се водат интензивните консултации со Софија, Брисел и земјите членки на Унијата продолжуваат, но Муцунски вели дека дека нема да се дозволат никакви отстапки кои задираат во националните црвени линии.

    „Постои позитивен импулс за изнаоѓање решение, но во овој момент нема договор што може да биде презентиран пред јавноста. Ние немаме друга алтернатива освен да бараме решение, но тоа нема да биде решение по цена на македонскиот идентитет, јазик, историја и култура. Нашата цел е европски пат заснован на доверба, правна сигурност и заемно почитување, а не на нови билатерални условувања“, категоричен е Муцунски.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.