Од денеска на сообраќајниот влез во Битола од страната на Прилеп поставен е времен кружен тек.

Од Јавното претријатие за паркинзи од Битола информираа дека е поставена нова времена хоризонтална сигнализација и нов кружен тек на булеварскиот влез во Битола и апелираат внимателно возење од страна на возачите.

Новиот времен кружен тек е во непосредна близина на фудбалскиот стадион во Горно Оризари и е со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот во период кога интензивно се гради булеварскиот влез во Битола од северната страна на градот, односно од Прилеп.

Exit mobile version