Вчера во 20:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш.
Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од двајца малолетници од Радовиш.
Со нив се извршени службени разговори во присуство на родители, при што го признале делото, а воедно е одземена и запалката со која е предизвикан пожарот.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Актуелно
- Кривична пријава за млад штипјанец: Украл банкарска картичка и подигнал над 30.000 денари
- Србија формира нов државен тим за забрзување на патот кон ЕУ
- Божиновска: Соларната енергија е столбот на македонската енергетска транзиција
- Зајакнување на одбранбената соработка: Израел и Македонија започнуваат структуриран безбедносен дијалог
- Крај за метежот во Скопје: Се воведува „паметен зелен бран“ и целосна контрола преку „Safe City“
- Какво време нè очекува до крајот на неделата – УХМР најавува нови врнежи од дожд и снег
- Град Скопје почна со блокирање сметки: Над 39.000 граѓани и фирми на удар за неплатен данок
- Радовиш: Малолетници запалиле автобус паркиран во дворно место на училиште

