Град Скопје од денеска започна со постапка за присилна наплата на долговите за данок на имот за 2021 година. Како што информираат од градската администрација, веќе се изготвени и доставени решенија за забрана на средства до деловните банки за 16.372 даночни обврзници, додека преостанатите 23.209 решенија ќе бидат испратени до крајот на неделава.

Според официјалните податоци, долгот по овој основ не го подмириле 37.655 физички лица и 1.926 правни лица, а вкупната вредност на неплатените обврски изнесува над 148 милиони денари.

Од Градот потсетуваат дека јавниот повик за доброволно подмирување беше упатен уште во декември, по што 830 обврзници ги платиле долговите во износ од околу 20 милиони денари. Сите кои сакаат да ја проверат својата состојба, тоа можат да го сторат на електронскиот портал на Град Скопје.

Exit mobile version