Собранието го избра Јетон Шасивари за нов министер за правда, како предлог на коалицијата ВРЕДИ, во рамки на реконструкцијата на Владата.

Шасивари е доктор по уставно и управно право на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Според неговата официјална биографија, од 2002 година е редовен професор по уставно и управно право на истиот факултет.

Од јануари 2024 година е заменик-член на Република Северна Македонија во Европската комисија за демократија преку право (Венецијанската комисија) при Советот на Европа.

Во март 2020 година бил дел од групата уставни експерти формирана од претседателот на државата, ангажирана за стручно мислење и консултации во врска со прогласувањето вонредна состојба за време на пандемијата со КОВИД-19.

Шасивари бил и надворешен советник на претседателот на Собранието во рамки на европскиот дијалог „Жан Моне“, посветен на подготовка на нов Деловник на Собранието. Воедно, ја извршувал функцијата заменик-претседател и член на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование.

Од 2016 година е предавач по уставно право во Академијата за судии и јавни обвинители. Според неговата биографија, зборува англиски јазик.

Exit mobile version