Тројца членови на криминалната група „Беланоца“ добија затворски казни за повеќе кривични дела, меѓу кои и злосторничко здружување поврзано со две убиства.
Еден од обвинетите е осуден на 20 години затвор, вториот на 11 години, додека третиот добил казна затвор од четири години, јави Телма.
Дел од делата за кои се товарат се поврзуваат со убиството на Орхан Бајрами, познат како лидер на спротивставената нарко група „Дуќанџик/Грчец“, како и со убиството на Пластичарска улица во Скопје, каде животот го загуби 29-годишниот Амар Исмани, млад пејач и блогер.
Судскиот процес се однесува на сериозни кривични дела поврзани со дејствувањето на организирана криминална група.


