Професорката на Правниот факултет Јустинијан Први, Тања Каракамишева стана советничка на премиерот Христијан Мицкоски.

Веста ја сподели професорката на социјалните мрежи.

„Со голема чест и задоволство објавувам дека сум ангажирана за Советник од областа на човековите права и владеењето на правото од страна на Претседателот на Владата, проф. д-р Hristijan Mickoski.

Голема благодарност за дадената доверба која е плод на нашата повеќегодишна соработка.

Голем предизвик и одговорност е да се биде советник за најчувствителната правна материја која ги опфаќа сите материјални и формални аспекти на македонскиот систем, но и меѓународната позиција на човековите права и владеењето на правото.

Ветувам голема посветеност и професионалност во извршувањето на доделените обврски, но и многу повеќе од тоа.

Ветувам работа и резултати!“, стои во објавата на професорката.

Exit mobile version