Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ужас во соседството: 46-годишник силувал 12-годишно девојче
    • На сред лет пукна стаклото во пилотската кабина, авионот итно се вратил на аеродромот во Хјустон
    • Гаши во официјална посета на Ријад, Кралството Саудиска Арабија
    • 19-годишник претепал малолетничка на улица во Куманово
    • Убиецот од Нагоричани призна три од четири убиства – судењето продолжува
    • Штипјанец го пријавил својот син во полиција
    • Делови од Општина Центар утре ќе останат без вода
    • Усмртил диво животно во период кога ловот е забранет – неготинчанец кривично ќе одговара
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“: Во Идризово се изведуваат материјалните докази за трагедијата

    Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“: Во Идризово се изведуваат материјалните докази за трагедијата

    06.05.2026 во 09:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во судницата во затворот „Идризово“ денеска продолжува судскиот процес за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени. Оваа фаза од судењето е фокусирана на изведување на материјалните докази предложени од Јавното обвинителство.

    Трагедијата се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата „ДНК“. Претходното рочиште го одбележа сведочењето на директорот на Институтот за судска медицина, д-р Александар Станков, кој ги презентираше обдукциските наоди за причините за смртта кај жртвите.

    „Јаглероден моноксид: Главна причина за смртта кај жртвите е насилно задушување со овој токсичен гас“, стои во наодите на Судска медицина.

    Вештачењето покажа дека кај дел од жртвите е пронајден и водороден цијанид, кој го забрзал труењето, а регистрирани се и терминални оштетувања на дишните патишта од врелиот воздух. Дополнителен фактор за трагичниот исход бил хаосот и стампедото при обидот да се напушти објектот.

    Процесот се соочува и со процедурални пречки. Поради недостапност на сведоците Дарио Трифунов и Александра Пепеларовска, во судницата беа прочитани нивните претходни искази. На ова реагираше одбраната, која смета дека тие се клучни сведоци за тоа како била внесена пиротехниката и како биле поставени прскалките.

    Судот го одби барањето на одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов за затворање на судењето за јавноста. Бранителката тврдеше дека има закани по неговиот живот, но судот оцени дека такви закани досега не биле официјално заведени.

    Процесот го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од дури 15 јавни обвинители.

    Прочитај повеќе

    Гаши во официјална посета на Ријад, Кралството Саудиска Арабија

    28.09.2026 во 16:25

    19-годишник претепал малолетничка на улица во Куманово

    28.09.2026 во 16:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.