Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува расправата по Предлог-буџетот за 2026 година. Ова е трет ден како пратениците дебатираат по поднесените амандмани, чиј број изнесува околу 200.

Според проекциите во државната каса, економскиот раст за следната година е планиран на 3,8 проценти, додека стапката на инфлација се очекува да биде 2,5 проценти. Буџетскиот дефицит е проектиран на 3,5 проценти од Бруто домашниот производ (БДП).

Во однос на финансиските текови, државата планира да собере вкупни приходи од 374,7 милијарди денари, додека расходите се проектирани на 413,9 милијарди денари. За капитални инвестиции се предвидени 40,5 милијарди денари.

Паралелно со ова, во Собранието денеска ќе заседава и Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

На дневен ред е второто читање на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението.

Exit mobile version