Close Menu
Press24
    Најново

    Проданоски и Андоновски од Прилеп: Безбедниот интернет е заедничка одговорност

    11.02.2026 во 17:49

    СДСМ: Се подготвува враќање на Никола Груевски

    11.02.2026 во 17:41

    НАТО го „запечатува“ Арктикот: Започна мисијата за заштита на Гренланд

    11.02.2026 во 17:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Проданоски и Андоновски од Прилеп: Безбедниот интернет е заедничка одговорност
    • СДСМ: Се подготвува враќање на Никола Груевски
    • НАТО го „запечатува“ Арктикот: Започна мисијата за заштита на Гренланд
    • Хорор во Тајланд: Тинејџер упаднал во училиште, почнал да пука – зел и заложници
    • Средба Сали – Памер: Австрија останува силен поддржувач на европската перспектива на Македонија
    • Трагедија го потресе регионот: 30-годишник си ја убил сопствената мајка
    • Голем успех во „8-ми Септември“: По долгогодишна пауза се врати неврохирургијата, веќе се извршени две тешки операции
    • Андоновски: Нема да има забрана за социјалните мрежи за децата, тоа е радикален потег
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Проданоски и Андоновски од Прилеп: Безбедниот интернет е заедничка одговорност

    Проданоски и Андоновски од Прилеп: Безбедниот интернет е заедничка одговорност

    11.02.2026 во 17:49
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со јасна порака дека дигиталната безбедност на децата и младите мора да биде врвен приоритет. Настанот се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски и министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.

    Активноста беше реализирана во рамки на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет на Македонија, преку кој на учениците, родителите и наставниците им се приближуваат конкретни алатки и насоки за безбедно користење на интернетот. Фокусот е ставен на превенција, родителска контрола и создавање сигурна дигитална средина.

    Настанот имаше едукативна и интерактивна содржина, со што учениците на разбирлив и прилагоден начин учеа како да препознаваат ризици во онлајн просторот и како одговорно да ги користат дигиталните содржини. Преку разговори и практични примери беше нагласено дека интернетот може да биде простор за знаење, креативност и развој, но само доколку се користи внимателно и со поддршка од возрасните.

    „Безбедниот интернет не е избор, туку обврска на сите нас – институциите, училиштата, родителите и младите. Само со заеднички пристап можеме да создадеме сигурна дигитална средина“, беше пораката упатена од настанот.

    Од Општина Прилеп истакнаа дека соработката со Министерството за дигитална трансформација продолжува и во наредниот период, со цел унапредување на услугите и зајакнување на дигиталната писменост кај најмладите

    Популарно

    Стрелките на часовникот одат еден час нанапред – подгответе се за летно сметање на времето

    10.02.2026 во 11:12

    (ВИДЕО) Снимен моментот на силниот земјотрес во Тетово

    11.02.2026 во 11:20

    Се подготвувал за војна – Полицијата во шок по претрес во куќа во Макарска

    10.02.2026 во 11:02

    (ВИДЕО) „Се тресеше околу десет секунди“ – Први снимки од синоќешниот земјотрес, луѓе бегаат од зградите

    11.02.2026 во 09:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.