Приведени криминалци во Скопје - едниот ќе лежи шест години во затвор, другиот една година


Денеска околу 12.50 часот на ул. „Даме Груев“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Ќ.М. (34) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од шест години за сторено кривично дело по чл.418-в ст.1 и чл.418-б ст.4 во врска со ст.2 и чл.45 од КЗ.

Исто така, денеска околу 12 часот на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода М.А. (56) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело по чл.396 ст.1 во врска со чл.12 ст.2 од КЗ.

Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено-поправни установи.

 

01.10.2024 - 17:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега