Вчера во 22:50 часот на Регионален пат Демир Капија-Неготино, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода А.В.(47) и А.Б.(54), двајцата од Скопје.
При контрола на патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.В., а сопатник бил А.Б., затекнат е Б.У.(22), илегален мигрант од Турција.
Возилото е одземено, а по наредба на јавен обвинител мигрантот е сместен во Прифатен центар за странци во Скопје. Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање нас лучајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Актуелно
- Од Брисел во Виена: Муцунски на 32-от Министерски состанок на ОБСЕ
- Среќа под зимското небо: Декември 2025 како месец на нови почетоци
- Утре е голем празник за верниците: Воведение во храмот на Пресвета Богородица
- Мајли Сајрус потврди дека е свршена со музичарот Макс Моранд
- Топаловски од СВР Скопје: Казните ќе се повлекуваат ако возач брзал во болница, но ќе се казни ако завршил на кафенце
- Македонци масовно ја симнуваат апликацијата што ги открива камерите на „Сејф Сити“
- Вицепремиерот Николоски од Брисел: Важни средби во интерес за Македонија
- Арсовска-Манов: До крај на декември „Сејф сити“ во Куманово и Тетово

