На 17.08.2026 во 18:40 часот на локалниот пат во село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишија од слобода Е.И. (19) од село Требиште.
При контрола на четирицикл со германски национални ознаки, било утврдено дека го управувало без возачка дозвола, односно пред да се стекне со право на управување.
Четирициклот е одземен и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.


