Преображение Господово е еден од големите православни празници кој се слави на 19 август. Овој ден во црковниот календар има длабоко духовно значење, но низ вековите стекнал и бројни народни верувања.

Според традицијата, Преображение е моментот кога природата се „преобразува“, летото полека почнува да ѝ отстапува место на есента, а луѓето го дочекуваат овој ден со посебни обичаи и молитви.

Што значи да се погледне небото во пресрет на Преображение?

Токму поради бројните народни верувања, многу луѓе сè уште обрнуваат внимание на небото во пресрет на Преображението. Според старата традиција, ноќта помеѓу 18 и 19 август има посебно место и тогаш, како што се верувало, „небото се отвора“.

Затоа нашите предци гледале во небото на полноќ и искрено се молеле за сè што им тежело, но и за сè што посакувале, и се верувало дека Господ ќе им ги услиши молитвите.

Преображението Господово е познато и во православието како летно Богојавление, бидејќи и тогаш се отворало небото и се слушал Божјиот глас. Се верува дека, во пресрет на празникот, се отвораат „Божјите врати“ на небото, на кои се појавува самиот Господ и ги исполнува желбите.

Exit mobile version