Приведен тетовчанец баран со потерница - предаден во КПУ Затвор Идризово

 


Ноќеска во 02.20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на потерница по судска наредба, го лишиле од слобода  Б.С.(46) од Тетово, кој бил баран за доиздржување на затворска казна од 13 месеци, во врска со сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Тој е предаден во КПУ Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

31.10.2024 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега