Приведен бегалец од затвор, вратен во „Идризово“
Дваесет и тригодишен жител на Кичево баран со потерница е приведен синоќа и спроведен во затворот „Идризово“ за доиздржување на казната.
- На 28.05.2024 во 02.20 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го приведоа А.А.(23) од Кичево.
Тој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Кичево поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувал казна затвор од две години и девет месеци за сторени кривични дела „разбојништво“ и „кражба“, стои во информацијата од Министерството за внатрешни работи.
29.05.2024 - 09:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа