Приватните превозници утре на протест пред ЈСП

Приватните превозници од утре повторно на протест. Утре ќе излезат пред седиштето на Јавното сообраќајно претпријатие во Автокоманда.

Тие ќе протестираат пред управната зграда на компанијата и ќе си ги бараат парите, бидејќи велат дека им префрлиле само 5 000 денари.

Приватните превозници од средината на декември чекаат покана од премиерот Димитар Ковачевски. Тој им вети дека ќе одржи состанок заедно со претставници од ЈСП-Скопје и Град Скопје со цел наоѓање решение за исплата на долговите кон приватните превозници.

Во меѓувреме, Град Скопје објави два конкурса за пополнување на неколку линии, но на огласите не се пријави никој.

 

29.01.2023 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега