Close Menu
    Најново

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24

    Бран на грип ги полни болниците во Скопје – децата се најзагрозени

    30.12.2025 во 21:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација
    • Бран на грип ги полни болниците во Скопје – децата се најзагрозени
    • Хороскопски знаци кои чувствуваат најголем притисок пред крајот на годината
    • Зеленски: Водиме разговори со Трамп за можни американски трупи во Украина
    • Рама најави: Албанија почнува да произведува оклопни возила и борбени дронови
    • Пукање во Будва: едно лице загина, градот под засилени безбедносни мерки
    • Турција погодена од над 53.000 земјотреси годинава
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Присила Присли за бракот со Елвис: Му ги носеа најубавите девојки за да ги запознае

    Присила Присли за бракот со Елвис: Му ги носеа најубавите девојки за да ги запознае

    26.09.2025 во 18:29
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Во своите нови мемоари, Присила Присли открива како „убави жени“ редовно биле носени во нивниот брачен дом за да се сретнат со Елвис. Во книгата „Нежно, додека те оставам: Животот по Елвис“, Присила детално го опишува својот турбулентен однос со музичката ѕвезда, како и животот по нивната разделба.

    И покрај сè, таа признава дека сè уште го смета својот поранешен сопруг за „љубовта на својот живот“. Зборувајќи во емисијата „Тудеј Шоу“, таа рече: „Бевме блиски, многу разговаравме по телефон“. Кога водителот ја праша: „Сè уште е љубовта на твојот живот?“, Присила без двоумење одговори: „Сè уште е љубовта на мојот живот. Апсолутно“.

    Елвис и Присила се запознале кога тој имал 24 години, а таа само 14, а се венчале седум години подоцна. Во своите мемоари, таа опишува како луѓето на Елвис му носеле жени што чекале пред неговата куќа, честопати со навредливи коментари за нив.

    „Ја слушнав нивната нецензурирана проценка за редот девојки што чекаат“, напиша таа. „Секогаш имаше долг ред пред нашата куќа. Многу, многу убави девојки чекаа на портата, надевајќи се дека ќе го видат Елвис, но честопати беа спремни да се задоволат со еден од неговите момци.“

    Присила ги опиша жените како „олицетворение на мојот најлош кошмар“, додавајќи: „Сите беа желни да ме заменат, и слушав еден од момците како вели: „Воа! Дали си ја видел? Дали си ја видел русокосата?“

    -Тие одеа по редот на жени кои беа спремни. Понекогаш избираа неколку од најубавите девојки и ги носеа да се запознаат со Елвис. Се згрчив од сеќавањето како го запознав Елвис на ист начин, открива Присила за тоа каков бил процесот на селекција.

    Кога се обиде да се соочи со својот тогашен сопруг, одговорот бил студен. „Тој велеше: „Ако не сакаш да ме слушаш, има многу девојки кои ќе ме слушаат.“ И ги имаше. Можев да ги видам од нашиот преден прозорец или, уште полошо, седејќи во дневната соба. Седев таму и си мислев: „О, Боже мој, само се надевам и се молам Елвис да не ја избере оваа девојка.“

    -Се плашев да го оставам сам. Не сакав да ги посетувам моите родители, бидејќи тоа значеше дека некој друг може да се вмеша додека ме нема, искрено открива Присла.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.