Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се наближува ноември – Македонската полиција ќе ве казни 45 евра за еден прекршок
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже кога дознал за наводниот скандал од 37 милиони евра
    • Студено утро во Македонија, температури под нула – Попладне нагло ќе пораснат
    • Вевчани инвестира во инфраструктурата: Реконструкција на улици, бесплатно Wi-Fi и нова комунална опрема
    • Се празнува Света Текла: Обичаи и верувања поврзани со денешниот празник
    • Драма во Скопје: Запалиле контејнер, пожарот се проширил на паркинг
    • СОС Детско село одбележа 25 години, Карпош доби признание за својот придонес
    • Малолетник преживеал хорор на Бит Пазар
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Природниот потенцијал на Чучер Сандево во фокус: Нови можности за туризам и економија

    Природниот потенцијал на Чучер Сандево во фокус: Нови можности за туризам и економија

    05.08.2026 во 10:022 Mins Read
    Стопанска Комора
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Унапредување на соработката меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор, привлекување нови инвестиции и подобро искористување на туристичките и економските потенцијали на Општина Чучер Сандево беа главни теми на работниот состанок меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и градоначалникот на општината, Зоран Бајовски.

    На средбата присуствуваа и Драганчо Апостолски, советник во Дирекцијата за економска и јавна дипломатија, како и Љупчо Велковски, сопственик на ИНБОКС Тренинг Центарот, каде што се одржа состанокот.

    Од Стопанската комора информираат дека во разговорите била истакната потребата од создавање подобри услови за развој на микро, малите и средните бизниси, како и за поттикнување нови инвестиции во општината.

    Азески посочи дека за целосно искористување на потенцијалите и создавање услови за одржлив локален економски развој е неопходно активно партнерство меѓу државата, локалната самоуправа и приватниот сектор. Тој нагласи дека важни се развојот на претприемништвото, поддршката за започнување сопствен бизнис и унапредувањето на туризмот како значаен економски сегмент.

    Градоначалникот Бајовски истакна дека целта е да се промени досегашната слика за Чучер Сандево и општината да се позиционира како атрактивна туристичка дестинација, но и како средина во која стопанствениците ќе препознаат можности за инвестирање и развој.

    На средбата било посочено дека општината располага со значаен природен и културно-историски потенцијал, а бројните цркви и манастири претставуваат можност за дополнително збогатување на туристичката понуда.

    Во рамки на состанокот, на претседателот на Комората, Бранко Азески, му била доделена благодарница за поддршка и развој на локалните и руралните бизниси.

    Чучер Сандево е една од поголемите приградски рурални општини, сместена во непосредна близина на главниот град. Општината располага со богати природни ресурси, шумски предели и планинска местоположба, кои создаваат услови за развој на активности поврзани со природата, спортот и рекреацијата. Дополнителна предност е отсуството на индустриски капацитети кои би претставувале значаен извор на загадување.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Се наближува ноември – Македонската полиција ќе ве казни 45 евра за еден прекршок

    07.10.2026 во 09:35

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже кога дознал за наводниот скандал од 37 милиони евра

    07.10.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.