Close Menu
Press24
    Најново

    Мигранти од Алжир краделе пари од кафуле во Аеродром

    28.10.2026 во 13:21

    Крива Паланка: 35-годишна жена тепала полицаец

    28.10.2026 во 13:18

    Избегната трагедија во Македонија: Пијан возел во спротивен правец, во автомобилот имало и сопатници

    28.10.2026 во 13:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мигранти од Алжир краделе пари од кафуле во Аеродром
    • Крива Паланка: 35-годишна жена тепала полицаец
    • Избегната трагедија во Македонија: Пијан возел во спротивен правец, во автомобилот имало и сопатници
    • Јаневска за студентскиот оброк: Понудивме ваучерски систем
    • Украл паричник додека чистел локал и потрошил пари од туѓа картичка – Кражба во тетовско село
    • Од денеска дигитална лична карта и возачка дозвола – се што треба да знаете за новата апликација на Владата
    • Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска
    • Магла, дожд, ветер – УХМР со нанјнова прогноза
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ангелов: Природата е најголемиот контролор, без ургенции, без пријателски врски

    Ангелов: Природата е најголемиот контролор, без ургенции, без пријателски врски

    22.07.2026 во 11:282 Mins Read
    Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, порача дека природата е „најголемиот контролор“ на сѐ што е изградено од човекот, по силното невреме што го зафати Скопје и предизвика сериозни материјални штети и соборени дрвја.

    Ангелов нагласи дека природните непогоди на најсуров начин покажуваат дали при изградбата на објектите се почитувани сите закони, прописи и стандарди.

    Тој посочи дека квалитетот на градбите доаѓа на тест токму при вакви временски неприлики:

    „Оние градби кои не ги исполнуваат неопходните критериуми природата ги оштетува, корне или руши. Без двојни стандарди, без ургенции, без пријателски врски“, истакнува Ангелов.

    Според него, природата не прави никаква селекција ниту кога станува збор за урбаното зеленило и старите дрвја низ градот.

    Првиот човек на ДЗС детално го опиша дејството на природните сили врз нестабилните стебла:

    „Природата не ја интересираат ниту еколошките организации кои ги штитат дрвјата дури и тогаш кога тие се стари, нестабилни или гнили. Природата чисти сѐ по ред. Ги корне или крши слабите гранки, корне и крши цели дрвја“, дополнува тој.

    Поради ова, Ангелов упати директен апел до сите учесници во градежниот сектор за доследно почитување на нормите, бидејќи никој не знае кога повторно ќе следи следната природна проверка.

    Истовремено, тој се обрати и до невладиниот сектор и активистите за заштита на животната средина за поголема соработка при проценките на терен.

    Тој бара разбирање кога институциите оценуваат дека одредени дрвја мора да се исечат заради заштита на граѓаните:

    „Безбедноста е на прво место“, порачува Ангелов.

    Прочитај повеќе

    Мигранти од Алжир краделе пари од кафуле во Аеродром

    28.10.2026 во 13:21

    Крива Паланка: 35-годишна жена тепала полицаец

    28.10.2026 во 13:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.