По повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, делегации на ликалната самоуправа на Прилеп, на Сојузот на борци и поддржувачи на борбените традиции, на здруженија и граѓани им оддадоа почит на револуционерните дејци и се поклонија пред нивните споменици.

Цвеќе беше положено пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто, пред спомениците на Ѓорче Петров и на Пере Тошев во центарот на градот.

Делегациите оддадоа почит и на гробот на Пере Тошев во кругот на прилепската црква „Свето Благовештение“

Exit mobile version