Close Menu
Press24
    Најново

    Силен земјотрес од 4,8 степени го погоди Крит

    16.03.2026 во 10:54

    Руски експерт прогнозира: Нафтата ќе пробие 150 долари за барел во следните две недели

    16.03.2026 во 10:50

    ФОТО: Преживеан од Пулс се сретна со лекарите кои го спасија – „Беа до мене во најтешкото”

    16.03.2026 во 10:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Силен земјотрес од 4,8 степени го погоди Крит
    • Руски експерт прогнозира: Нафтата ќе пробие 150 долари за барел во следните две недели
    • ФОТО: Преживеан од Пулс се сретна со лекарите кои го спасија – „Беа до мене во најтешкото”
    • Телефонски разговор Муцунски-Хоџа: Коридорот 8, ЕУ и безбедноста во фокусот
    • Израел тврди: Го уништивме авионот на Хамнеи
    • Украински дронови погодија складиште за нафта во рускиот регион Краснодар
    • Мајка на жртва од Кочани со потресна порака: „Дишеме, а не живееме, отиде на забава, те вратија во ковчег”
    • 63 бели столчиња, но нема кој да седне на нив – Тишина и тага во Кочани една година по пожарот во Пулс
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пријавувањето е до петок – Планинарскиот клуб Љуботен организира поход до Лешница

    Пријавувањето е до петок – Планинарскиот клуб Љуботен организира поход до Лешница

    16.03.2026 во 09:211 Min Read
    ПК Љуботен
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    По повод 101 година од формирањето на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, на 22 март, недела, ќе се одржи планинарски поход до месноста Лешница на Шар Планина. Сите заинтересирани за учество треба да се пријават најдоцна до петок, 20 март.

    Планот за настанот предвидува поаѓање во недела од 7:00 часот со комби превоз пред просториите на ПК „Љуботен“ во Тетово кон село Бозовце, од каде што ќе започне пешачењето кон Долна Лешница. Пристигнувањето на Лешница е предвидено околу 10:30 часот за краток одмор, по што следува посета на кадите на Кривошијска Река, а од 14:00 часот е тргнување назад кон село Бозовце.

    Исхраната е во сопствена режија, предвидена за планинарска тура до 8 часа, а за искачувањето потребна е соодветна планинарска опрема. Секој учесник треба да биде во добра здравствена и психофизичка кондиција. Сите индивидуални лица кои сакаат да учествуваат мора да се приклучат на одредено друштво, клуб или организирано здружение, информираат од ПК „Љуботен“.

    Пријавувањето се врши со пополнување на формулар најдоцна до 20.03.2026 година, петок, до 19:00 часот на електронската пошта: kontakt@pkljuboten.org.mk.

    Популарно

    Нафтата драстично поскапе

    16.03.2026 во 09:25

    Трамп со ултиматум до НАТО: Помогнете во Ормутскиот теснец или Алијансата ја чека „многу лоша“ иднина

    16.03.2026 во 09:23

    Малолетник преживеал хорор во Чаир

    16.03.2026 во 08:23

    Ќе нема струја до 15 часот – Најавени исклучувања низ Скопје

    16.03.2026 во 08:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.