Close Menu
Press24
    Најново

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52

    Лоши прогнози: Скап дизел ќе возиме цела наредна година

    07.10.2026 во 10:13

    Измени во „Сејф Сити“ – камерите ќе гледаат нов прекршок

    07.10.2026 во 10:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ДУИ реагира на одлуката на Уставен суд: Прашањето за албанскиот јазик не завршува тука
    • Сонце по утринскиот студ – УХМР ги измери температурите во 11 часот
    • ФОТО: Почина обвинител од Струга
    • „Улици и патишта” со важна информација: Одложено затворањето на мостот „Близнак“
    • Мајката на судијата Ристов: „Кога ќе ми останеше некоја паричка ќе ги пикнев во дупчето на циглата”
    • Ги фатиле на дело – Македонската полиција уапси три лица
    • Муцунски на конференција за Коридорот 8 – Ќе разговара и со еврокомесарката Кос
    • Петровска на Рос-Рот семинарот на НАТО во Молдавија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Претседателката Сиљановска: Државата е пофункционална, но корупцијата и партизацијата се уште се силен проблем

    Претседателката Сиљановска: Државата е пофункционална, но корупцијата и партизацијата се уште се силен проблем

    17.07.2026 во 08:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека државата се движи во добра насока и дека во повеќе области е пофункционална отколку пред две години. Според неа, потребно е дополнително да се работи на борбата против корупцијата, криминалот и партизацијата.

    Во интервју за телевизија „Канал 5“, Сиљановска-Давкова посочи дека има напредок во одредени процеси, но дека реформите бараат време и не можат да се спроведат веднаш.

    „Мислам дека се движиме добро. Сигурно е пофункционална од она што беше во многу области бидејќи, ако напредувате со планот за раст, пакетот на закони за судството е донесен, само што треба да се реализира. Има некои проблеми. Доаѓа до промени, но треба да помине време. Тоа не можете со потег на перо со еден закон“, изјави претседателката.

    Таа нагласи дека најголеми предизвици и понатаму остануваат корупцијата, криминалот и политизацијата на институциите.

    „Нашата најголема болка беа и останаа корупцијата и криминалот. Тоа е факт. Партизацијата и политизацијата сè уште се силни. Каде што има партизација и политизација, лесно успева корупција и криминал. Нам ни требаат силни институции и слаби поединци бидејќи институционално треба да се решаваат проблемите“, рече Сиљановска-Давкова.

    Таа посочи дека потребно е да се спроведат реформи, да се заштитат најранливите категории граѓани и да се работи на економскиот развој.

    „Прво, да се заштитат најслабите, бидејќи се соочуваме постојано со криза. Значи, домаќински да се управува, да може да се преживее на некој начин. Второ, сериозно да се зафатиме со битката со корупцијата и криминалот“, изјави претседателката.

    Сиљановска-Давкова додаде дека важни се и европските интегративни процеси, економскиот развој, функционалноста на парламентот и носењето квалитетни закони.

    Во интервјуто таа упати порака и до парламентарните партии, посочувајќи дека политичките прашања треба да се решаваат преку дијалог во Собранието, а не преку јавни препукувања.

    „Сите прашања треба да ги решаваат во парламентот, а не на телевизии и на прес-конференции. Треба да има политички дијалог“, порача претседателката.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    ДУИ реагира на одлуката на Уставен суд: Прашањето за албанскиот јазик не завршува тука

    08.10.2026 во 11:22

    Сонце по утринскиот студ – УХМР ги измери температурите во 11 часот

    08.10.2026 во 11:20
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.