Close Menu
    Најново

    СВР Скопје: Полициски службеник во притвор поради тешка кражба

    10.11.2025 во 20:09

    Експлозија во центарот на Делхи: Три лица повредени, властите не ја исклучуваат можноста за терористички напад

    10.11.2025 во 19:46

    УНХЦР: 250 милиони луѓе веќе се раселени поради климатските промени

    10.11.2025 во 19:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • СВР Скопје: Полициски службеник во притвор поради тешка кражба
    • Експлозија во центарот на Делхи: Три лица повредени, властите не ја исклучуваат можноста за терористички напад
    • УНХЦР: 250 милиони луѓе веќе се раселени поради климатските промени
    • Трамп до контролорите за летање: Вратете се на работа
    • Претседателката прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент – Риксдаг
    • Хаос на американските аеродроми: Над 1.500 летови откажани поради делумниот прекин на работата на владата
    • Американската војска нападна два брода во Пацификот
    • Николовски: Мега-скандалот со ИПАРД се потврди – ќе поднесе ли сега конечно Трипуновски оставка?
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Претседателката прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент – Риксдаг

    Претседателката прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент – Риксдаг

    10.11.2025 во 18:56
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент – Риксдаг, предводена од Лота Џонсон Форнавре, во придружба на амбасадорот на Кралството Шведска, Oла Солстром.

    Сиљановска-Давкова изрази задоволство од извонредната соработка со шведските пратеници, заснована на взаемна доверба и почит, нагласувајќи дека таквото партнерство претставува основа за натамошно зајакнување на вкупните билатерални односи меѓу двете држави.

    Таа потсети дека Шведска е четвртиот најголем билатерален донатор на земјава и дека нејзината поддршка не се огледува само во развојната помош, туку и во улогата на фасилитатор на европските реформи.

    Како поранешна членка на Надзорната група за соработка со шведскиот Риксдаг, Сиљановска-Давкова нагласи дека шведската парламентарна демократија отсекогаш била пример од кој можеме да учиме. Според неа, искуството стекнато преку таквата соработка претставува поттик за нови, отворени и конструктивни дијалози што ќе ја зајакнат политичката култура и институционалната зрелост во земјава.

    Шведските пратеници изразија отвореност и решеност за продолжување на парламентарната соработката, размена на демократските искуства и помош и поддршка на македонскиот евроинтегративен процес.

    Претседателката порача дека напредувањето кон ЕУ мора да се темели на мерит систем, а не на политички условувања и еднострани барања.

    Популарно

    Мајка од пеколот: Го претепала своето 6-месечно бебе

    10.11.2025 во 12:48

    Ѓорѓиевски прогласи крај на акцијата „72 часа“: Скопје е чист град, собрани се 4.500 тони смет, изречени се 40 казни

    10.11.2025 во 09:32

    Александар преживеал пекол на црногорската граница: Со две мали деца во кола го задржале 13 часа поради една грешка

    10.11.2025 во 09:58

    Потоп во Македонија – УХМР соопшти каде наврна најмногу дури 42л/м2

    10.11.2025 во 09:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.