Претепан телохранителот на „кралот на Интсгарам“ - Го тепале 15 момци, а застанале кога помислиле дека е мртов (ВИДЕО)
Никос Аравантинос, телохранителот на американскиот мултимилионер Дан Билзеријан, кого го нарекуваат Крал на Инстаграм, бил задржан во болница откако бил брутално претепан од група од 15 млади луѓе, пренесуваат грчките медиуми.
Нападот врз Аравантинос се случи во четвртокот вечерта. Претходно, го повикале да дојде во неговиот хотел, бидејќи „група пијани туристи“ правеле проблеми.
Кога пристигнал во хотелот пристапил кон група Французи и Мароканци и ги замолил да заминат. Наместо да го послушаат тие скокнале врз него и почнале да го тепаат додека не падне.
Никој не дошол на помош на Аравантинос, а младите престанале да го тепаат кога помислиле дека го убиле.
Телохранителот на Балзеријан се здоби со сериозни повреди, во форма на фрактура на черепот, поради што бил опериран.
Тој бил итно пренесен со авион во болница во Атина во сериозна состојба.
Полицијата уапси пет лица под сомнение дека учествувале во нападот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа