Пресметката е направена: Познато е за колку ќе пораснат пензиите

Направена е пресметката за усогласувањето на пензиите, со кое ќе има статистичко покачување за пет проценти, информира денеска министерот за труд и социјална политика во техничката Влада Ѓоко Велковски.

На новинарско прашање, Велковски рече дека податоците покажуваат пет проценти на, како што наведе, условно кажано покачувањето на пензиите.  

-Добиени се сите податоци од статистика, веќе е направена пресметката. Јас тоа не би го кажал зголемување, бидејќи пет проценти колку што покажуваат бројките на условно кажано покачувањето на пензиите, што треба да бидат исплатени на 1-ви во петок. Така што, ова статистичко покачување од пет проценти е во моментов што пензионерите ќе го добијат како дополнување на нивните пензии, изјави Велковски, по учество на РЕДИ Самитот 2024 во Скопје. 

Во согласност со новата Методологија, усогласување на износот на пензиите се прави двапати годишно во март и во септември, врз основа на податоците од Државниот завод за статистика за трошоците на живот и просечната плата.

28.02.2024 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега