Три торби со 62 пакувања марихуана се запленети утрово на магистралниот пат Струга-Ќафасан, при контрола на возило управувано од 46-годишен албански државјанин.

Службеници од граничната полиција ја реализираа акцијата во 07:05 часот во близина на струшкото село Франгово. Дрогата била пронајдена во автомобил „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, зад чиј волан бил А.Т. од Поградец.

Возачот е веднаш лишен од слобода, а за случајот е известен Јавен обвинител.

„Денеска (08.12.2025) во 07:05 часот, на магистралниот пат Струга- Ќафасан, во близина на струшкото село Франгово, полициски службеници од Полициската станица Франгово, при Регионалниот центар за гранични работи Запад, од слобода го лишија А.Т.(46) од Поградец, Република Албанија. При преглед извршен во патничко возило „опел зафира“ со струшки регистарски ознаки, кое тој го управувал, пронајдени се три торби со 62 паковки со марихуана. Известен е јавен обвинител, дрогата е одземена, а А.Т. е задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Exit mobile version