Јавна расправа по Предлог-законот за Советот на јавните обвинители одржа денеска собраниската Комисија за политички систем.

-На расправата поканивме претставници од невладиниот сектор, академската заедница, адвокати, јавни обвинители и експерти од областа, со цел сите засегнати страни да го дадат своето мислење, предлози и забелешки, за законот да биде дополнително подобрен и да донесеме квалитетно законско решение. Верувам дека само преку отворен дијалог, транспарентност и вклучување на стручната јавност можеме да креираме закони кои ќе бидат во интерес на граѓаните и владеењето на правото, вели пратеникот Љупчо Пренџов.

Истакнува дека членовите на Комисијата работат транспарентно, инклузивно и со широка јавна дебата – затоа што важните закони мора да се носат со учество, а не зад затворени врати.

Exit mobile version