Денеска присуствував на 75 годишнината од постоењето на Државниот архив, информираше премиерот Христијан Мицкоски.
Архивот не е само минато. Архивот е темел. Темел врз кој ја градиме сегашноста и врз кој ја проектираме иднината. Во неговите депоа, во неговите ракописи, во неговите документи, живее сведоштвото за нашите борби, за нашите победи, за нашите падови и повторни исправувања. Таму се наоѓаат и најсветлите страници од нашата историја, но и поуките кои нè направиле посилни.
Нашата обврска како Влада е да инвестираме во оваа институција – во нејзината модернизација, во нови технологии, во подобри услови за работа и во човечкиот капитал кој ја носи оваа мисија.
И затоа, оваа годишнина не е само јубилеј. Оваа годишнина е потсетник. Потсетник дека сме должни да го чуваме она што сме го наследиле и да го пренесеме на генерациите што доаѓаат.
Да го чуваме јазикот.
Да ја чуваме културата.
Да ја чуваме вистината, стои во објавата на премиерот на ФБ.


