Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пренџов: Од дијалог до резултат, усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство 

    Пренџов: Од дијалог до резултат, усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство 

    19.03.2026 во 19:401 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денес Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ја одржа амандманската расправа по Предлог – законот за јавно обвинителство, закон од особено значење за унапредување на владеењето на правото и зајакнување на институционалната доверба, соопшти на ФБ Пренџов од ВМРО-ДПМНЕ.

    Во духот на конструктивен дијалог и демократска зрелост, беа прифатени 14 амандмани од сите пратенички групи кои поднесоа предлози за подобрување на текстот на законот. Овој пристап потврдува дека клучните реформски процеси можат и треба да се водат низ инклузивност, со почитување на различните ставови и со заедничка одговорност кон јавниот интерес.

    Како претседател на Комисијата за политички систем, особено ми претставува чест што процесот се одвиваше транспарентно и отворено, со вклучена јавна расправа и со активно учество на сите релевантни чинители.

    Врз основа на ваквиот сеопфатен и инклузивен пристап, Комисијата му предлага на пленумот Закон за јавно обвинителство, како резултат на темелна дебата и заедничка посветеност кон јакнење на правната држава.

    Остануваме посветени на градење институции што функционираат во интерес на граѓаните – преку дијалог, транспарентност и одговорност, пишува Пренџов на ФБ.

    Прочитај повеќе

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.