Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пренџов до Зајкова: Седевте и правевте кворум додека се правеше криминалот со Кривичниот законик

    Пренџов до Зајкова: Седевте и правевте кворум додека се правеше криминалот со Кривичниот законик

    12.01.2026 во 18:443 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, реплицираше на пратеничката Моника Зајкова на денешната 80 седница на Собранието во рамки на точката за Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик.

    ,,Не поддржувам неточна манипулација од оваа говорница, и не поддржувам играње на кратка памет. Вие не сте гласале, кажавте индиректно. Да, точно е тоа, вие не гласавте за кривичниот, не гласаше и Бобан Мојсоски, не гласаше и Маја Морачанин, не гласаше и Ненад Коциќ од СДС. Но сите вие колешке Зајкова, седевте и правевте кворум додека се правеше криминалот нарачен промена на кривичен“, истакна Пренџов.

    Пренџов нагласи дека учествувале во обезбедување кворум, со што помогнаа да се донесат измени на Кривичниот законик кои, според него, направија сериозна штета и правна дисторзија во македонскиот правосуден систем.

    ,,Сите вие заедно со Алијанса на Таравари ли беше на Села ли беше, којшто требаше деклативно беа опозиција, седеја овдека и тие беа во играта да прават кворум, за да се изгласа овој закон и да се направи правна дисторзија во македонскиот правосуден систем, почитувана колешке Зајкова“, рече Пренџов и додаде:

    ,,Тоа е вистината и тоа граѓаните го паметат, и тоа се уште има последици. Потценивте народ. Истата таа вечер, кога  вие правевте кворум овде, Артан Груби се шеташе по ова Собрание од уво до уво насмеан кажувајќи дека имал две варијанти, дали е ВМРО и коалицијата ќе влезе гласа против, или нема да влезе и да гласа никако. Имавте се обезбедено, имавте ПР направено за двете варијанти, бидејќи мислевте дека вашата неискреност, ќе ја победи нашата искреност, бидејќи мислевте вашата недоследност ќе ја победи нашата чесност, и мислевте дека ова е 1993, а не 2023 кога има само една телевизија и едни вести и кога тој што ја има власта и моќта во моментот, ќе може да ја поседува и вистината“.

    Тој посочи дека народот правилно ги проценил тие постапки и затоа ги казнил и ги испратил во опозиција, и дека правдата на крај ќе ги стигне сите инволвирани во криминал.

    ,,Овој  наш  народ е многу мудар колешке Зајкова, овој наш народ, ве процени, виде колкав ви е влогот и ве прати топтан заедно со првиот овдека којшто беше порано МВР, а сега е координатор  на опозицијата, па таму до последниот што седите, ве прати онаму каде што сте. И тоа беше една сериозна причина, зошто тоа го направи македонскиот народ, и не е во ред да манипулирате. Сите казни коишто ги предлагаме се поголеми од тие што беа до 2023, освен една, тогаш за 2 години е помала затоа што има 4 европски директиви коишто детерминираат колкава треба да биде казната, бидејќи ние со правдата компромис не правиме, бидејќи ние криминалците ги гледаме во затвор, и оние ваши пријатели, поранешни или сегашни коишто избегаа, верувајте, еден ден ќе дојдат и ќе се соочат со се она кое што го правеа на Република Македонија и на овој народ“, заклучи Пренџов.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.