Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Премиерот: Предизвиците во најголемaта енергетска криза да ги претвориме во наша можност

    Премиерот: Предизвиците во најголемaта енергетска криза да ги претвориме во наша можност

    01.06.2026 во 17:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Предизвиците во најголемaта енергетска криза да ги претвориме во наша можност и да видиме што можеме заедно како Западен Балкан да испорачаме за Европа, за нашиот заеднички континент, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, во обраќањето на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026.

    Денеска, посочи, ние го живееме токму тоа време на глобален енергетски предизвик и затоа овој форум денеска, со својот полн потенцијал, треба да даде идеи и заклучоци како понатаму и како овие предизвици да ги претвориме во наша можност.

    – Западен Балкан во моментов ( Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и Македонија) можат да понудат отприлика годишно производство од 260 терават-часови нови производни капацитети во делот на обновливата енергија. Или ако ова го помножиме со некои, да речеме, стотина евра по мегават-час, тоа значи дека на годишно ниво можеме како Западен Балкан да акумулираме бизнис, којшто и е потребен на Европа, е само една петтина од потребите на Европа, вреден 26 милијарди евра годишно. Кога на тоа ќе се додадат средствата потребни да се изградат овие капацитети кога на ова ќе се додадат инвестициите во дистрибутивната и преносната мрежа, слободно оваа бројка триплирајте ја. Ова е тоа што можеме на годишно ниво да го понудиме за Европа и потребите на Европа, рече Мицкоски.

    Тоа, оцени, е неповратен процес и само од нас зависи дали ние ќе го препознаеме и дали ќе успееме да се вклуќиме во него.

    – Дали ние како Западен Балкан ќе останеме да бидеме препознаени како регион којшто можеби понекогаш бара и милост, дали ќе ја заслужиме таа милост или не, тоа не зависи секогаш од нас, тоа е двонасочна улица, но ајде ние како Западен Балкан да ги понудиме овие можности, рече Мицкоски, најавувајќи дека за оваа нова иницијатива ќе зборува на самитот во Тиват на 4-ти и 5-ти јуни.

    Имаме, посочи, знаење, капацитет, добро сме поврзани и можеме ова да го понудиме.

    Идејата за иницијативата, како што рече, е од изјавата од претседателката на Европската комисија, на инвестицискиот форум во 2025-та ЕУ-Западен Балкан, кога таа потенцираше дека „земјите од Западен Балкан можат да станат центри за производство, складирање и споделување чиста енергија со останатиот дел од Европа“.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.