Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петровска: Сакам да бидам претседателка на СДСМ, ама не сега
    • ФОТО: Полицајците им упаднаа во локалот – им го најдоа белото
    • Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет
    • Брутална прецизност на македонските специјалци: Тигрите во топ 10 снајперисти на меѓународен напревар
    • Филипче: Одлуките ги носам како во операциона сала – прецизно
    • Ѓорге Иванов: Треба да создадеме иднина за нашите потомци
    • Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот
    • Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Премиерот: Не може преку лажни фактури и лажни баратели да се цица буџетот

    Премиерот: Не може преку лажни фактури и лажни баратели да се цица буџетот

    15.12.2025 во 19:343 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Тема на денот во Дневникот на Сител телевизија потенцираше дека пари во буџетот има, истиот е стабилен и во одлична кондиција, додека датумот 15 декември не значеше затворање на трезорот, туку иницијатива за правните субјекти да бидат поодговорни во испраќањето на налози, за да не биде се, како што рече во 5 до 12.

    „Кога зборуваме за трезорот сакаме едноставно да има ред, тоа значи дека минатата година се случи во 5 до 12 многу налози да дојдат и да не може тие да се обработат, се случуваше доверителите да не добијат навремено, да влеземе во друга фискална година, затоа рековме нека биде 15 декември последниот датум, да се обидеме сите да бидеме дисциплинирани. Се разбира дека и на 25 и на 31 декември ако дојде налог истиот ќе биде процесуиран, но вие не можете секогаш во 5 до 12 да ги завршуваме работите, ајде еднаш да бидеме дисциплинирани и навремено да ги завршуваме работите, ете тоа беше иницијативата“, истакна премиерот Мицкоски.

    Во однос на обвинувањата на СДСМ дека недостасувале 60 милијарди денари, премиерот Мицкоски нагласи дека тоа е невистина, односно апсолутно буџетот е во одлична кондиција.

    „Веќе во првите 10 дена од овој месец се собраа 15 милијарди, да не заборавиме дека 25 во месецот се плаќа ДДВ и слично, но тоа што тие го гледаат како податок на сајтот на Министерство за финансии не ги вклучува сопствените приходи на институциите, затоа што сите тие имаат буџетска и сопствена сметка. Кога сето тоа ќе се вклопи, односно кога ќе влезе во базенот, доаѓаме до оние 350-60 милијарди денари кои треба да ги собереме, но исто така треба да знаеме дека и расходите процентуално ги пратат приходите, односно расходите се во истиот процент како и приходите, тоа значи дека буџетскиот дефицит се намалува, а тоа е разликата помеѓу расходната и приходната страна“, појасни премиерот Мицкоски.

    Премиерот Мицкоски категорично ги отфрли наводите дека имало доцнење со исплати надвор од разумен рок од неколку дена.

    „Сите средства се исплаќаат навремено, може да има некој ден доцнење, од проста причина што прераспределбата во буџетот помина сега во рамките на Собранието, и сега треба да се потпише, да излезе во Службен весник и тој процес да помине низ институциите и тие да ги префрлат тие средства до граѓаните и крајните корисници“, рече премиерот Мицкоски.

    Во однос на буџетскиот дефицит премиерот Мицкоски појасни дека тој се финансира на три начини еден е преку државните хартии од вредност, вториот преку екстерни извори односно договор со комерцијална банка откако претходно ќе се направи локален натпревар на понуди, и третиот преку еврообврзница потсетувајќи дека владата врати, еврообврзница, а не издаде нова.

    „Јас ќе ги потсетам граѓаните дека оваа година ние не издадовме еврообврзница, а вративме еврообврзница од половина милијарда евра на 19 јануари. Ние вративме половина милијарда евра, а не издадовме. Буџетскиот дефицит оваа година ќе биде под 4% од номиналниот БДП, а номиналниот БДП ќе биде поголем од проектираниот на почеток на годината, ова се макроекономски параметри кои што гарантираат стабилност. Да сумирам состојбата е стабилна, но мора да се научиме на ред и дисциплина, не може стихијно да се трошат парите и не може преку лажни фактури и лажни баратели да се цица буџетот“, изјави премиерот Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.