Close Menu
Press24
    Најново

    Закажано судењето за Стојанче Јовановски – Трагедијата во Карпош ја крена Македонија на нозе

    18.03.2026 во 11:28

    НАТО го засилува притисокот: Уште еден систем „Патриот“ пристигна во Турција поради заканите од Иран

    18.03.2026 во 11:28

    Врховен го одби барањето на Јованов – Возачот кој ја усмрти Фросина останува 13 години во затвор

    18.03.2026 во 11:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Закажано судењето за Стојанче Јовановски – Трагедијата во Карпош ја крена Македонија на нозе
    • НАТО го засилува притисокот: Уште еден систем „Патриот“ пристигна во Турција поради заканите од Иран
    • Врховен го одби барањето на Јованов – Возачот кој ја усмрти Фросина останува 13 години во затвор
    • Откажани над 400 летови, 57 илјади патници „заглавени“ поради голем штрајк
    • Кузеска: Имаме ветување до ВМРО-ДПМНЕ – Сите ќе одговарате
    • Трамп го нападна НАТО
    • МНР: Безбедноста највисок приоритет – Успешно евакуирани сите пријавени македонски граѓани од Блискиот Исток
    • ФОТО: Македонскиот пејач скршен по загубата на својот татко – „Непребол”
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Премиерот Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Брисел

    Премиерот Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија во Брисел

    18.03.2026 во 09:562 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со партиска делегација, од денеска до 20 март ќе учествуваат на Конгресот на Европската народна партија во Брисел. На конгресот се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, соопшти прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата истакнуваат дека присуството на конгресот ја потврдува определбата на Република Северна Македонија за европска интеграција и обезбедува можност за билатерални средби со претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија.

    Делегацијата на Мицкоски ја сочинуваат партискиот генерален секретар, Драган Ковачки, и членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски. Тие ќе присуствуваат и на свеченоста со која Европската народна партија ќе ја одбележи 50-годишнината од своето постоење, период во кој партиското семејство имало централна улога во обликувањето на Европа и заштитата на нејзините основни вредности.

    „Присуството на Мицкоски и делегацијата на овој висок собир ја потврдува цврстата определба на Република Северна Македонија за европска интеграција и активна вклученост во процесите кои ја дефинираат иднината на Европа. Ова учество е значајна можност за афирмација на националните интереси и за зајакнување на позицијата на државата во рамки на европското политичко семејство, како и за билатерални средби со присутните лидери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Рекорд без него нема да биде исто место – Чичко Драги ќе биде погребан утре

    18.03.2026 во 09:17

    Иран го нападна Израел со над 100 ракети – одмазда за убиството на Лариџани

    18.03.2026 во 10:41

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.