Close Menu
Press24
    Најново

    Крвав напад во Софија: Познатиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев е смртно застрелан

    24.10.2026 во 12:28

    Спасовски: СДСМ покажа цврста решеност да биде совест на државата, глас на трудот, заштита на понижениот човек

    24.10.2026 во 11:38

    19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија

    24.10.2026 во 13:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Премиерот: Имаме најевтини горива во регионот

    Премиерот: Имаме најевтини горива во регионот

    01.06.2026 во 19:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Буџетот е во исклучително квалитетна состојба  и оти државава  и покрај враќањето на ДДВ за горивата на 18 проценти е натаму е со најевтини цени на горивата. Најавува и нови мерки во зависност од, како што рече, интензитетот на кризата. 

    -Буџетот е во одлична кондиција, ги натфрламе проекциите кои што ги имавме на почетокот на годината и покрај сите оние, би рекол душегрижници кои мислеа  дека оваа енергетска криза за нив е политичка можност, а ќе предизвика последици во работењето и тековните трошења од страна на Владата. Но за нив имам лоша вест. Буџетот е во исклучително квалитетна состојба, изјави  Мицкоски, на новинарско прашање по учеството на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026.  Мицкоси повтори дека постапката за ребаланс на Буџетот ќе биде во текот на месецов. 

    Одлучивме, појасни, мерката за горивата, односно за безоловниот бензин да ја вратиме на 18 проценти, а притоа да ја задржиме мерката намалени акцизи, бидејќи цената на дизелот и на безоловниот бензин во втората половина на мај на светските берзи се движеше меѓу илјада и илјада двесте долари за барел.

    -Така што, денес имаме два денара по литар намалена акциза и за дизелот и за бензините и истовремено имаме одобрен дополнителен попуст од страна на ОКТА за нејзините коминтенти од два денара по литар за безоловно гориво. Денеска одлуката на Регулаторната комисија беше дека имаме големо поевтинување на дизел горивото за шест и пол денари по литар и половина денар поскапување за безоловните горива. Кога на тоа ќе се додадат овие два денара по литар попуст од страна на ОКТА тогаш добиваме реално и де факто намалување и на безоловниот бензин од 1,5 денари  по литар и покрај тоа што данокот на додадена вредност има ставка од 18 проценти.  Со ова остануваме убедливо земја со најевтина цена на горивата, рече Мицкоски.

    Тој соопшти дека потрошувачката  на нашите бензински станици од граѓаните од соседите земји е зголемена за 15 до 25 проценти, за разлика од претходниот период кога во одредени денови беше и до 50 проценти.

    Потенцираше и дека ќе има и други мерки, зависно од состојбата со кризата.  –  Ја следиме внимателно кризата. Не брзаме, па во зависност од интензитетот на кризата, така и ние ќе постапиме, рече Мицкоски.

    Прочитај повеќе

    Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните

    24.10.2026 во 14:04

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.