Close Menu
    Најново

    Дали навистина треба да правите по 10.000 чекори дневно за да забележите значајни здравствени придобивки?

    25.09.2025 во 23:42

    Се породи Ријана

    25.09.2025 во 23:24

    Николоски: И покрај проблемите со радарот, не беше загрозена безбедноста, и ниту еден лет не беше откажан

    25.09.2025 во 22:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Дали навистина треба да правите по 10.000 чекори дневно за да забележите значајни здравствени придобивки?
    • Се породи Ријана
    • Николоски: И покрај проблемите со радарот, не беше загрозена безбедноста, и ниту еден лет не беше откажан
    • Нов подметнат пожар вечерва близу Арачиново – гасењето ќе биде сложено
    • Николоски: Ахмети кажува приказни од 19. век, не може да се пофали со ништо
    • Николоски за предлог резолуцијата: Сакаат да ги „исперат гревовите“ кои ги направија со бугарскиот диктат
    • Легендарниот актер од „Ѕвездени патеки“, итно хоспитализиран
    • Трамп побара од Ердоган да престане да купува руска нафта
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Преку ЕУ проект се иницира повторно искористување на отпадот од депонијата на фосфогипс од поранешната Хемиска индустрија Велес

    Преку ЕУ проект се иницира повторно искористување на отпадот од депонијата на фосфогипс од поранешната Хемиска индустрија Велес

    25.09.2025 во 16:45
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Преку проектот FIC-Fighters, чија реализација започна во Велес, се предлага искористување на околу два тони фосфогипс од депонијата на фосфогипс, настаната со таложење на нус производи од Хемиската индустрија Велес, затворена во 2003 година. Истата е лоцирана на ридот во шумата и е видлива при патување по патот Градско – Велес, на само 12 километри од Велес и е и една од 16-те мапирани еколошки жешки точки во Македонија.

    Преку овој ЕУ проект, истражувачите на FIC-Fighters од шест земји во Европа меѓу кои од Геолошкиот институт Македонија развиваат методи за валоризација на фосфогипсниот отпад за производство на одржливи суровини за индустриите за хартија, цемент, батерии, ѓубрива и детергенти во сите шест земји каде имало вакви цементарници. 

    Пензинираниот проф д-р Трајче Стафилов, од Природно математичкиот факултет при УКИМ Скопје –  еден од еминентните македонски истражувачи во оваа област вклучен во проектот за МИА, посочи дека скопската Цементарница не мора да купува фосфогипс, туку со дозвола од надлежните да го искористи фосфогипсот од депонијата на Хемиската индустрија Велес како една од неколкуте потребни суровини за производство на цемент.

    Тој посочува дека 22 години депонијата стои неискористена, а за само за 20 години скопската Цементарница да зела една од своите суровини од оваа депонија, таа ќе се преполовела.

    Смета дека фосфогипсот од депонијата на Хемиската индустрија Велес може да се извезе и на пример за солунската Цементарница и други цементарници како и за други индустрии и со тоа и депонијата побрзо би се исчистила наместо да се затрупува со што ќе се заштити и животната средина.

    Тој потсети дека Фабриката за вештачки ѓубрива Хемиската индустрија, која беше отворена во 1979 и затворена во 2003 година, остави зад себе околу два милиони тони гипс на површина од 70.000 м², во близина на реката Вардар и на 12км од Велес. Со уништена опрема и објекти, областа останува сериозен еколошки предизвик, но и уникатна можност за одржливи стратегии за намалување на отпадот, примена во алтернативни производи и бенефит за локалната економија

    Главен партнер во проектот од земјава е Градежниот Институт Македонија (ГИМ), заедно со другите 25 проектни партнери.

    Проф д-р Златко Илијовски од ГИМ во информацијата за МИА појаснува дека целта на проектот е истражување и развој на технологии за можна реупотреба на отпадот од фосфогипс, а што тие го прават на Градежниот Институт во Скопје.

    -Се развиваат технологии по концептот на циркуларна економија од таа „секундарна индустриска отпадна суровина“. Во наводници е бидејќи во поранешната законска регулатива беше отпад но меѓутоа сега добија нова терминологија секундарни отпадни суровини. Со тоа од тој отпад на фосфогипс можат да се добијат други врсти на производи кои можат да најдат примена во индустријата за производство на детергенти, во цементната индустрија, во производство на хартија и вештачки ѓубрива. Самиот проект нема дирекно решение дека некој овој отпад ќе го земе или ќе го покрие и ќе го заштити, но овој проет развива технологии за реупотреба на тој отпад, појаснува проф Илијовски

    Освен во Велес, вакви работилници со граѓаните ќе бидат реализирани во уште пет европски локации каде проектот анализира шест студии на случај на постоење отпад на фосфогипс, во Португалија, Италија, Србија, Хрватска, Романија и веќе одржаната прва во Велес.

    Тој информира дека по сите овие работилници во овие градови во рамките на проектот ќе биде изготвен еден сумарен извештај и ќе биде дистрибуиран до сите вклучени во проектот, до локалната заедница како и до некои од државните институции. Следната работилница е најавена во ноември во Бариљо во Португалија.

    Add A Comment
    Leave A Reply Cancel Reply

    Избор

    Дали навистина треба да правите по 10.000 чекори дневно за да забележите значајни здравствени придобивки?

    25.09.2025 во 23:42

    Се породи Ријана

    25.09.2025 во 23:24

    Николоски: И покрај проблемите со радарот, не беше загрозена безбедноста, и ниту еден лет не беше откажан

    25.09.2025 во 22:54

    Нов подметнат пожар вечерва близу Арачиново – гасењето ќе биде сложено

    25.09.2025 во 22:47
    последни вести
    Забава

    Дали навистина треба да правите по 10.000 чекори дневно за да забележите значајни здравствени придобивки?

    25.09.2025 во 23:42
    Забава

    Се породи Ријана

    25.09.2025 во 23:24
    Македонија

    Николоски: И покрај проблемите со радарот, не беше загрозена безбедноста, и ниту еден лет не беше откажан

    25.09.2025 во 22:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.