Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека кај нив дошла 62-годишната Ј.Ф. од Скопје, која на 09.12.2025 околу 16:45 часот на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт“ и ул.„Орце Николов“ во Скопје била удрена од патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од женско лице, која потоа ја однела во приватна здравствена установа, а по прегледот заминала во својот дом и не го пријавила случајот.
Полициски службеници од увидна екипа од СВР Скопје со неа извршија службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
- Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
- Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
- Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
- Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
- Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
- Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
- Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
- Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки

