„Пред еден ден гореа старите бараки, а веќе денес oпштина Карпош објави презентација за нов ДУП“, велат од Левица

 

„Се остваруваат црните предвидувања на карпошани дека на местото на работилниците на поранешно ГП Маврово, насилно се подготвува терен за новиот ДУП за Градска четврт С3 26! Неверојатна случајност е дека општината токму сега се одлучува да го презентира овој план“, вели партијата Левица.

„Но, она што е сигурно е дека повторно се обидува шверцерски да се изигра мислењето и судот на жителите, со давање само 6 работни дена за поднесување на анкетни листови за истиот, и тоа само во бараките на Општина Карпош!

И овој обид на Јакимовски да удоволи на желбите на инвеститорите нема да биде поддржан од советниците на Левица во Карпош и повторно ќе излеземе во пресрет на жителите на Влае за заштита на нивната заедница“, се додава во соопштението на партијата Левица.

29.11.2023 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа