Познат идентитетот на загинатиот во сообраќајката на патот Неготино – Демир Капија

Во тешка сообраќајка вчера на патот Неготино- Демир Капија загина едно лице, а друго е тешко повредено.

Според пријавеното во 13.50 часот во близина на бензинска пумпа на патот Неготино – Демир Капија, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Д.(31) од Скопје, излетало од коловозот, информира МВР.

На местото на незгодата починал сопатникот Р.К.(89) од Скопје, а сопатничката М.К.(66) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Неготино.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициска станица Неготино.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2020 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега