Close Menu
Press24
    Најново

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Времето денеска покажува заби: Само 2 степени измерени во 14 часот

    17.10.2026 во 14:31

    Од полноќ не чека ново но мало поскапување на дизелот

    19.10.2026 во 10:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Падна одлука: Кризната состојба со нафтата продолжена уште половина година
    • Мицкоски: Македонија има најниски цени на храна и пијалаци во регионот
    • Инспекторите повторно ги тресат зелените пазари
    • Ловци спасија мечка во близина на Нежилово: Животното успешно ослободено по координација на надлежните служби
    • Трајков се сретна со полскиот амбасадор: Фокус на разговорите – реформската агенда
    • Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ ги објави резултатите од болните лица пред да се отворат кутиите, бараме одговорност
    • Ковачки: СДС, ДУИ и Левица заедно освоија помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ
    • Мицкоски: Убедливо победивме во Брвеница – ќе имаме уште 1.000 гласа плус во вториот круг
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Познат идентитетот на осомничените за криминал со регистрирање на возила

    Познат идентитетот на осомничените за криминал со регистрирање на возила

    03.09.2026 во 12:363 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Супер Ауто Контрол“ од Кучевиште и осигурителното брокерско друштво „Супер Брокер“ се компаниите на кои упатуваат јавно достапните податоци во големата истрага за проневера на 2,26 милиони евра од надоместоците што граѓаните ги плаќале при регистрација на возила. Меѓу осомничените е и помошник-директорката за финансии во ЈП за државни патишта, а иницијалите и функцијата што ги објави МВР се совпаѓаат со Татјана Миновска, која на јавно објавената листа на вработени во претпријатието е наведена токму на оваа позиција.

    Според „Пари“, иницијалите и адресата на осигурителното брокерско друштво наведени во полициската истрага се совпаѓаат со „Супер Брокер“ АД Скопје. Агенцијата за супервизија на осигурување исто така го води „Супер Брокер“ како активно брокерско друштво со адреса на улицата Александар Урдаревски во Скопје.

    И описот на фирмата од Кучевиште која вршела технички прегледи упатува на „Супер Ауто Контрол“ ДООЕЛ. Компанијата е регистрирана во Кучевиште и има овластување за технички услуги за возила, а на сопствената веб-страница наведува дека работи со повеќе станици за технички преглед во Скопје.

    Според МВР, првоосомничениот С.С. (49), сопственик и управител на правното лице од Кучевиште, од 2021 до јануари 2026 година изготвувал лажни извештаи за парите наплатени при регистрација на возила. Во тоа, според истрагата, му помагал Д.М. (54), раководител во станицата за технички преглед, кој ги изготвувал и потпишувал фактурите и извештаите што се доставувале до институциите.

    Парите потоа, според сомнежите на истрагата, се префрлале преку сметки на брокерското друштво, каде што покрај осигурителните полиси се наплаќале и други надоместоци. Како осомничени се опфатени и Ш.С. (29) и З.Ѓ. (58), извршни членови на Одборот на директори на брокерското друштво, за кои МВР тврди дека знаеле од каде потекнуваат парите и учествувале во нивното прикривање преку префрлања меѓу сметки и мешање со редовните приходи.

    Дел од парите, според МВР, биле прикажувани како позајмици, а со дел се купувале недвижности во корист на правните лица. Во истрагата е опфатен и овластен сметководител М.Д. (40), кој се сомничи дека внесувал невистинити податоци во сметководствената документација и во даночните пријави.

    Вкупната противправно стекната корист, според полицијата, изнесува 138,8 милиони денари или околу 2,26 милиони евра. Од нив, над 48,4 милиони денари се штета за ЈП за државни патишта, 1,48 милиони за Црвениот крст, 5,58 милиони за Министерството за животна средина, а над 83,3 милиони денари за Буџетот и општините.

    Во акцијата беа уапсени С.С., Ш.С. и З.Ѓ., а кривична пријава е поднесена против вкупно шест физички и три правни лица за проневера во службата, перење пари и несовесно работење во службата.

    Прочитај повеќе

    ВИДЕО: Малолетник дивеел со мотор на едно тркало – Македонската полиција го фати, возел и без дозвола

    19.10.2026 во 10:46

    „Безбеден град“ ги улови: Жена дивеела со „мерцедес“, маж со „ауди“ возел 175 км/ч

    19.10.2026 во 10:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.