Позитивни вести од Турција: По 198 часа под урнатините утрово беа извлечени двајца браќа
Светот со солзи во очите гледаше како утрово се случува вистинско чудо во Турција каде по 198 часа од урнатините во Кахраманмарас беа извлечени двајца браќа.
Мухамед Енес (17) и неговиот брат Абдулбаки (20) девет дена чекале помош.
Тие утрово конечно беа извлечени од урнатините и според првичните информации се во добра состојба.
Да потсетиме дека два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,8 степени според Рихтеровата скала ја потресоа Турција на 6 февруари и однесоа повеќе од 35.000 животи во таа земја и соседна Сирија.
Спасувачките тимови од повеќе од 70 земји се во Турција, кои работат дење и ноќе за да најдат преживеани.
Со оглед на тоа што поминаа повеќе од седум дена од разорните земјотреси, секое извлекување живи од урнатините се смета за чудо, пренесува Телеграф.рс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа