Close Menu
Press24
    Најново

    Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело

    30.10.2026 во 11:18

    ФОТО: Сообраќајка пред Собрание – Се искршија мотор и такси возило

    30.10.2026 во 11:16

    Од 1 мај со авион од Скопје до Тиват – Директна линија двапати неделно

    30.10.2026 во 11:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Се натовариле со дрва – Македонската полиција ги фати на дело
    • ФОТО: Сообраќајка пред Собрание – Се искршија мотор и такси возило
    • Од 1 мај со авион од Скопје до Тиват – Директна линија двапати неделно
    • МВР го уапси и Билал Кара – Сопственикот на „Санте Плус“
    • Жената што си го отру семејството со печурки осудена на доживотен затвор во Австралија
    • ВИДЕО: Вода од плафоните и бучно греење – Студентите со нови проблеми во реновираниот „Стив Наумов“
    • Коалицијата на Нетанјаху победи на изборите во Израел, но без мнозинство во Кнесетот
    • МВР во акциска контрола: Преоптоварени и неисправни камиони на патиштата низ Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пожарите во Хрватска ги празнат домовите: Над илјада луѓе ноќта ја минаа во прифатен центар во Омиш

    Пожарите во Хрватска ги празнат домовите: Над илјада луѓе ноќта ја минаа во прифатен центар во Омиш

    14.08.2026 во 09:271 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во приемниот центар во спортската сала „Рибњак“ во Омиш во моментов има околу 1.500 евакуирани лица, изјави за Хрватското радио директорката на локалниот Црвен крст, Ана Стејскал, а пренесе Индекс.хр.

    Според нејзините информации, до полноќ биле регистрирани над 2.000 луѓе, но дел од нив веќе го напуштиле подрачјето или се сместиле кај свои роднини.

    Стејскал истакна дека надлежните служби се подготвени за евентуални нови евакуации, но во моментот нема такви очекувања.

    Граѓаните ќе останат во салата сè додека не се нормализира сообраќајот и не се стават под контрола опожарените подрачја.

    „Временските услови се навистина неповолни во моментов. Дува ветер во сите правци, сè е зачадено и не знам кога ќе можат да се вратат евакуираните“, рече Стејскал.

    Таа потврди дека во центарот се обезбедени доволни количини храна, вода, лекови и сите основни потребни материјали.

    Во акцијата се вклучија бројни волонтери, меѓу кои фармацевти и медицински лица, додека екипите на Итната медицинска помош постојано им помагаат на најзагрозените.

    За сите сместени лица синоќа беа доставени основни намирници, а во текот на денешниот ден ќе бидат организирани и топли оброци.

    Прочитај повеќе

    Воен хеликоптер се урна кај Брчко, загинаа четири лица

    30.10.2026 во 09:51

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.