Пожар во ковид-оддел во Бугарија: Пациентка предизвикала пожар од невнимание

 

Пациентка позитивна на Ковид-19, која била приклучена на двоен извор на кислород предизвикала пожар во ковид-одделот на болница во градот Русе, во Бугарија.

Пациентката ја симнала кислородната маска, па со запалка почнала да бара предмет кој и паднал вечерта под нејзиниот кревет, на овој начин позитивната на ковид, ја запалила маската и предизвикала пожар.

Бугарските медиуми, пренесуваат дека дежурниот тим реагирал брзо и соодветно, при што четворицата пациенти во болницата не биле во опасност и биле преместени во друг оддел. Вклучен бил противпожарниот аларм во болницата и се реагирало на време.

Главните на болницата размислуваат да воведат забрана на запаливи уреди.

13.10.2021 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега