Голем шумски пожар изби попладнево во атарот на с. Бајково, општина Ново Село. Според информациите од Дирекцијата заради заштита и спасување, пожарот на падините на планината Огражден избил околу 16:30 часот.
На терен се регионалните противпожарни единици, а се чека да полетаат и двата ер-трактори.
„Поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата Св. Петар и Павле, во секој момент ќе полетаат два ер трактори на ДЗС кои ќе помогнат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД Рис, како и неколку граѓани кои помагаат во заштита на црквата“, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

